23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европа, Русија и Кина подготвуваат нов договор за Иран

Дипломатите од Европа, Кина и Русија ќе разговараат за нов договор со кој на Иран ќе му биде понудена финансиска помош во замена за запирање на развојот на балистички проектили и мешање во политиката во регионот. Ваквата постапка е покрената со надеж дека ќе се спаси нуклеарниот договор од 2015 година, пренесуваат германските медиуми.

Според информациите, претставниците ќе се состанат во Виена следната недела, под водство на високиот дипломат на Европската унија, Хелга Шмид, со цел да разговараат за следните чекори по одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, за повлекување од нуклеарниот договор со Иран, донесена на 8 мај.

На средбата ќе присуствуваат дипломати од Германија, Франција, Велика Британија, Русија и Кина, но САД нема да имаат свој претставник. Засега не е јасно дали на средбата ќе има ирански претставници.

Според договорот од 2015 година, Иран ја запре својата нуклеарна програма во замена за укинување на повеќе санкции од Западот. Една од главните забелешки на администрацијата на Трамп е дека со договорот не се опфатени иранската ракетна програма и поддршката која земјата ја дава на вооружените групи на Блискиот Исток, кои западните земји ги сметаат за терористи.

Спонзорирано: