Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време со услови за дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека попладне ќе има и ретка појава на грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 16, а дневните во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 13 до 24 степени.

В недела ќе преовладува стабилно и суво време, освен во крајните јужни делови. Од понеделник во попладневните часови повторно на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи.

Спонзорирано: