Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Душко Весковски поставен за директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје

Душко Весковски е поставен за нов генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Како што информираат од претпријатието, на 2 мај беше објавен конкурс за избор на генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

По завршувањето на законскиот рок за поднесување на апликации и спроведување на постапка за избор на генерален директор на претпријатието, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје го назначи Душко Весковски. Претходно Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за в.д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје