11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватската министерка за економија поднесе оставка по скандалот со пораки на е-пошта

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, денеска ја прифати оставката на вицепремиерката и министерка за економија, Мартина Далиќ.

„По разговорите, Мартина Далиќ и јас одлучивме дека таа денеска треба да поднесе оставка на својата должност, којашто јас ја прифатив“, истакна Пленковиќ и додаде дека Далиќ дала голем придонес во економијата, националната стратегија за реформи и воведувањето на еврото, како и кризата во „Агрокор“.

Коалициските партнери на ХДЗ побараа од министерката да поднесе оставка кога во јавноста беа објавени пораки на е-пошта во кои таа разменувала доверливи информации со сопствениците на брокерски куќи, адвокати и консултанти што биле ангажирани на изработка на посебниот закон за санација на „Агрокор“.