7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Груевски: И Општина Новаци набавила возило со фирма што не е генерален застапник

Експремиерот Никола Груевски на една од паузите на денешното судење за предметот „Тенк“ повтори дека судскиот процес за него бил политичка хајка. „Целата држава знае дека станува збор за хајка“, рече Груевски и повтори дека е убеден дека сите процеси на СЈО не би постоеле ако немало политички притисок.


Тој изјави дека денеска по предлог на СЈО во судот била изведена имејл-преписка меѓу „Макаутостар“ и „Мерцедес“, со која Обвинителството сака да докаже оти компанијата знаела порано дека ќе излезе тендер, но тоа не било невообичаено бидејќи, како што рече, може да се дознае.

Груевски рече дека предложиле доказ, а тоа е известување од Општина Новаци за склучен договор за набавка на возило со фирма што не е генерален застапник. Tој пред судот рече дека со документот се докажува оти немало фаворизирање економски оператор. „Не постои протежирање економски оператор. Секоја фирма за увоз може да увезе возила каде што не се генерален застапник“, рече Груевски. „Доставивме писмо од „Авто Македонија“ од кое се гледа дека тие во минатото увезувале возила каде што не се генерални застапници“, појасни Груевски.

Експремиерот рече дека до судот приложиле мислење на вештакот Константин Дуковски од „Форензик експертс“, со кое, како што рече, се докажува дека копии од прислушуваните разговори не може да бидат доказ во постапката. На крајот Груевски рече дека премиерот Зоран Заев дал скандалозна изјава најавувајќи каква пресуда следува во случајот „Тенк“. „Неговата скандалозна изјава ја зацврстува тезата на медиумите дека Заев има договор со судот“, рече Заев.

Предметот е во завршна фаза, каде што следуваат завршни зборови и изрекување пресуда.

Спонзорирано: