6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Политичко самоубиство е настап на избори без коалиција со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, рече Тито Петковски

Новата социјалдемократска партија на Тито Петковски го одржува четвртиот конгрес со 500 делегати од повеќе градови. Во воведниот говор пред присутните, досегашниот лидер на партијата, кој со неа управува од самиот почеток, односно 13 години, рече дека е политичко самоубиство настапот на избори надвор од двете најголеми политички партии според Донтовиот модел на пресметка на гласовите.

„Тој изборен модел објективно ги фаворизира партиите со многубројно членство, а ги релативизира помалите партии, независно од квалитетот на нивната политичка програма и изборна понуда“, рече Петковски пред делегатите.

Лидерот на НСДП се надева дека на следните парламентарни избори ќе го оправдаат нивното постоење на политичката сцена преку, самостоен настап на изборите. Тој пред присутните рече: „Оптимизмот го гледам во евентуалните измени на изборното законодавство, во насока на една изборна единица, отворени листи, и низок праг за влез во Собранието“.

Петковски се надева на измена во изборното законодавство, бидејќи и СДСМ ќе може да се ослободи од несаканите политички партнери и во новите коалиции ќе влегува со чисти сметки. „Не би било во ред само да се построиме зад стожерната партија на коалицијата и церемонијално да изразуваме поддршка и на партијата и на Владата“, рече лидерот на партијата.

Спорот со името за Петковски е тест за политичката зрелост: „Ако 27 години од осамостојувањето не станавме рамноправна членка на меѓународната заедница,уште ли колку години може да издржиме, до иселувањето на последниот Македонец од оваа држава“. Според Петковски, не само за прашањето за името, туку и за други прашања, отсуствува дијалог. Во говорот ги искара членовите на МАНУ, кои како што рече, со ретки исклулоци, го преспале најдраматичниот период од македонската историја, поради страв од „мафијата на власт“, а говореше и за МПЦ дека не се дистанцирала од „криминалната власт“.

Спонзорирано: