14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кризната состојба на македонските граници поради зголемена фреквенција на мигранти да продолжи до 31 декември

Поради висок ризик од иселена миграција, Комитетот за управување со кризи, му предлага на Собранието да продолжи кризната состојба на северната и јужната граница до крајот на годината. Предлог-одлуката за изменување на одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба до 31 декември 2018 година, заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија поминала и на седница на Владата.

Во заклучоците се предлага Армијата да продолжи да ангажира сили и средства во поддршка на МВР при справување со мигрантската криза. Седницата на Управувачкиот комитет ја водел министерот Оливер Спасовски, а присуствувале и министерите Сугарески и Филипче, директорот на Цнетарот за управување со кризи, Агрон Буџаку… Точката е ставена на дневен ред на пленарна седница на Собранието на 21 мај.

Спонзорирано: