12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев ги повика битолските стопанственици да аплицираат за мерките за поддршка на малите и средните претпријатија

Премиерот Заев за време на денешната работна посета на Битола ги повика претставниците од бизнис-секторот од Битола и битолскиот крај да аплицираат за мерките и да ги исцрпат предвидените средства што ги нуди Владата за сите заедно да придонесат кон раст и развој на економијата.


Премиерот Заев истакна дека во државниот буџет се обезбедени рекордни средства во висина од 10,5 милиони евра за поддршка на малите и средните претпријатија.

„Економскиот план обезбедува поддршка и за брзорастечките компании таканаречени газели, со 30 отсто поврат на направените инвестиции. За микрокомпаниите овозможуваме поддршка до 30 отсто од направените инвестиции и за развој на иновативноста на микро, малите и средните компании со поврат до 70 отсто од направените инвестиции во активности поврзани со иновации“, нагласи премиерот Заев.

Заев и Анѓушев ги презентираа мерките за поддршка на малите и средните претпријатија и политиките за поддршка на пораст на платите.

Пред битолските стопанственици премиерот истакна дека Владата и економските ресори ги продолжуваат политиките на пораст на платите и рече дека со оваа мерка државата обезбедува директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто-платата на работници во трудоинтензивните дејности.

Анѓушев ги повика стопанствениците да аплицираат за мерките од планот за економски раст, кои веќе се активни, и за кои рече дека предизвикуваат голем интерес. Како што информира вицепремиерот, за овој краток временски период веќе се доставени 170 апликации за мерките за поддршка од третиот столб.

„Мерките важат за сите компании. Најголема поддршка е определена за микро, малите и средните претпријатија. Јас сум среќен што на објавениот оглас на Фондот за иновации и технолошки развој, кој е отворен до јули, веќе се пристигнати 170 апликации, што значи интересот е голем“, соопшти вицепремиерот Анѓушев.

„Генералната идеја е да им помогнеме на оние компании што имаат потенцијал да растат и да ја зголемуваат соработката со сите компании и на тој начин да им помогнат и на другите да остваруваат раст, со што сите економски субјекти би придонеле заедно кон економски раст на државата“, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Текстилната и кожарската индустрија, како што рече вицепремиерот Анѓушев, се ослободени од вториот критериум, кој се однесува за ненамалување на просечниот број вработени и ги објасни мерките за поддршка што се однесуваат на малите и средните претпријатија.

Спонзорирано: