14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Израелската армија уништи руски антиракетен систем во Сирија

Израелската армија објави видеоснимка од ракетен напад врз противвоздушен систем Pancir-S1 поставен во Сирија. Видеото било снимeно од камерата поставена на израелската ракета Spajk NLOS, објави „Спутник“.

Снимката беше објавена по ескалацијата на конфликтот меѓу Израел-Иран, откако иранските сили во Сирија истрелаа ракети кон израелски позиции на Голанската Висорамнина.

„Постојат црвени линии што се преминаа“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по што израелската армија испрати „дожд“ од ракети кон ирански цели во Сирија. Израелската армија објави дека сите авиони кои биле вклучени во една од најголемите операции во последните неколку години безбедно се вратиле во своите бази.

Во најновата снимка објавена на итернет се гледа патот на ракетата која се приближува и го уништува ракетниот систем Pancir-S1 во сопственост на иранските сили, околу кој во тој момент стоеле и војници, пренесуваат британските медиуми. Воедно потсетуваат дека уништениот ракетен систем А SA22, познат како Pancir-S1 e од руско производство и дека станува збор за систем со среден дострел, направен за уништување на ракети земја-воздух, но и на оние истрелани од борбени авиони.

Спонзорирано: