9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Врвот на вулканот во Хаваи би можел да експлодира

Врвот на вулканот Килауеа би можел во наредните денови или месеци да експлодира и да катапултира пепел и камења на километри од него, предупредуваат експертите. Вулканот со денови исфрла лава и ги загрозува животите на локалното население уништувајќи ги нивните домови.

Експертите наведуваат дека нема смртна опасност за жителите кои ќе го избегнуваат затворениот дел од националниот парк околу вулканот. Научникот од Опсерваторијата за вулкани на Хаваи, Тина Неал, вели дека во појасот од три километри од вулканот можат да паднат делови од карпите и нетоксичен пепел.

Ерупцијата на вулканот од 3 мај досега уништи 36 куќи и други објекти. Нема податоци за загинати лица. Првата ерупција се случи по рушењето на кратерот на источниот дел на вулканот и по 250 потреси во рок од 24 часа.

Спонзорирано: