12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поповски: ПОЦ нема платено комуналии пет години

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, кое стопанисува со паркинзите во општината, не врши уплата на комуналната такса на сметка на буџетот на Општината, која изнесува 6,3 милиони денари или околу 100 илјади евра, обвини Зоран Поповски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, оваа неправилност ја забележал и Државниот завод за ревизија.

„ПОЦ како правен субјект е должен, и тоа е потврдено со закон, да врши наплата на такса која треба да ја уплатува на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка на Општината. Со оглед дека ова е извештај за 2017 година, како директор на ПОЦ се јавува сегашниот градоначалник Саша Богдановиќ, кој свесно го прекршувал законот и тоа не само во овој случај туку и во годините наназад. Саша Богдановиќ со оваа постапка ги има оштетено жителите на Центар и треба да понесе одговорност“, рече Поповски.

Според него, ПОЦ нема платено комунална такса веќе 5 години и на тој начин Општина Центар е покуса за околу 500 000 евра.

„Го повикуваме Јавното обвинителство и сите други надлежни институции да го испитаат ревизорскиот извештај и да се произнесат за тоа каде се отидени овие пари и зошто не се уплаќани во буџетот на Општината“, рече Поповски.

Спонзорирано: