15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Ле Мер: САД се светски економски полицаец

Францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер, изјави дека европските држави би морале посилно да се спротивстават на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со нуклеарниот договор со Иран, а не да се однесуваат како „американски вазали“.

Тој за „Радио Европа“ изјави дека Европа не треба да го прифати ставот дека Соединетите Американски Држави се „светски економски полицаец“. Според неговите зборови, европските компании треба да продолжат да тргуваат со Иран, без оглед на одлуката на Трамп на државата да ѝ воведе трговски санкции.

Францускиот министер предлага ЕУ да формира свое тело кое би имало исти овластувања како американското Министерство за правда, кога станува збор за казнување на странските компании околу нивните активности.

Спонзорирано: