18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанакиески бара да се презентираат само дел од доказите за „Топлик”

Одбраната на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, бара само еден дел од 608-те докази за предметот „Топлик“ да бидат презентирани. Адвокатите велат дека селектирале 83 докази кои сметаат дека треба да се читаат и презентираат на рочиштето. Специјалното јавно обвинителство на овој предлог реагираше дека на овој начин само се одолговлекува постапката.

„Одбраната си одлучила кои докази да ги чуе јавноста, а кои не. Вака се оптоварува записникот и се одолговлекува постапката. Сите докази се битни, не само 83“, рече обвинителката Лиле Стефановска.

Одбраната претходно побара и вештачење на бомбите, бидејќи се сомневале во нивната автентичност.

„Автентичноста е дискутабилна и спорна поради фактот што се презентираат копии од телефонски разговори, па при трансферот од примарниот систем на МВР за легално следење на комуникациите, на друг електронски медиум се отвора можност за нивна измена и нецеловитост“, реагираше адвокатката Сања Алексиќ, во однос на претходното рочиште кога беа презентирани бомбите.

Спонзорирано: