18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција продолжува со чистките по обидот за државен удар – уапсени 150 војници

Турската полиција уапси 150 војници поради наводна поврзаност со свештеникот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го товари дека стои зад обидот за државен удар во 2016 година, објави турската државна агенција „Анадолија“.

Властите редовно вршат чистки против наводните поддржувачи на свештеникот Фетулах Ѓулен по неуспешниот државен удар од јули 2016, во кој загинаа 250 лица. Ѓулен, кој живее во САД, негираше каква било вмешаност во организацијата на пучот. Во рамките на слична истрага, полицијата во четвртокот уапси повеќе од 80 членови на персоналот на воздухопловството, објавија државните медиуми.

По неуспешниот обид за државен удар, во Турција досега се приведени вкупно 160 000 луѓе, а од работа се отпуштени се исто толку државни службеници, објави Канцеларијата за човекови права на ОН. Од тој број, повеќе од 50 000 беа формално обвинети и задржани во затвор за време на судењето. Критичарите на Реџеп Таип Ердоган го обвинуваат дека го искористил обидот за пуч за да го задуши отпорот на своите неистомисленици.

Спонзорирано: