17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со словенечкиот амбасадор: Македонија назадува во повеќе области

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец. Од опозициската партија информираат дека на состанокот станало збор за аферите и коруптивните скандали на власта, кои, како што велат, немаат никаква разрешница.

Мицкоски на средбата со словенечкиот амбасадор ја изразил загриженоста од фактот дека Република Mакедонија не само што не оди напред туку и назадува во поголем број области.

На средбата се разговарало и за теми поврзани со регионот, актуелните случувања во државата и стратешките интереси.

„Мицкоски го запозна амбасадорот за состојбата во државата и актуелните случувања со особен осврт на фактот дека во Република Македонија сериозно се загрозени човековите п0рава со политичкиот терор што го спроведува власта. На средбата претседателот Мицкоски ја презентира и лошата економска состојба, која е предизвикана од лошите економски политики на Владата кои сè повеќе им штетат на граѓаните“, се наведува во партиското соопштение.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ воедно констатирал дека добрите односи со Република Словенија треба да се негуваат и унапредуваат. Исто така, било потенцирано дека на Република Македонија ѝ се неопходни искуствата на Словенија во евро-атлантската интеграција.

Спонзорирано: