23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Истражувале напуштена зграда, а она што го пронашле таму ќе го памтат додека се живи (Видео)

Екипата од Јутјуб каналот Hell on Earth се занимава со истражување на напуштени згради кои често изгледаат страшно, но она што го доживеале во една од нив навистина изгледало како сцена од хорор.

Урбаните истражувачи, како што самите се нарекуваат, влегле во напуштена зграда која наводно припаѓала на американското министерство за одбрана, а таму веднаш ги дочекале страшни пораки.

„Умри“, стоело на влезот, а потоа наишле и на натпис: „Не се качувај горе“, што нив, секако, не ги запрело па се качиле на катот.

„Премногу птици“, била следната порака, а потоа сфатиле дека зградата е преплавена со мртви гулаби. „Те предупредив“, била следната порака.

Нивната ноќна авантура ја прекинале обезбедувачите кои не биле премногу воодушевни што ги затекнале во зградата па повикале полиција. Додека ја чекала полицијата, екипата од каналот Hell on Earth ги прашала обезбедувачите зошто во зградата има толку мртви гулаби. „Проколната е“, одговориле кратко.

Спонзорирано: