25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Очекувајте нестабилно време со пороен дожд и грмежи – еве од кога

Времето утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утре попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од 14 до 25 степени.

Во петок и сабота ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи, но процесите се очекува да бидат послаби.

Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.