9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи, а не Харадинај, поканет на состанокот ЕУ-Западен Балкан во Софија

Косовскиот претседател Хашим Тачи добил покана од Европската Унија и Бугарија да учествува на самитот на ЕУ и Западен Балкан во Софија, кој ќе се одржи на 17 мај, пишува приштинскиот весник „Експрес“.

Во објавата се вели дека поканата е потпишана од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Претходно беше објавено дека на средбата Косово ќе биде претставено од премиерот Рамуш Харадинај, но неговиот советник Авни Арифи изјави дека премиерот ќе присуствува само на Виенскиот економски форум, чијшто домаќин ќе биде повторно Софија на 18 мај. Арифи додаде дека Виенскиот економски форум, до одреден степен, е продолжение на состанокот ЕУ-Западен Балкан.

Според „Експрес“, Тачи е поканет во Софија поради дијалогот со Белград, од каде на самитот ќе пристигне српскиот претседател Александар Вучиќ.

Спонзорирано: