11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Првата посета на Путин во странство во новиот мандат ќе биде Виена

Рускиот претседател Владимир Путин, кој вчера положи заклетва за нов мандат, како прва дестинација во странство која ќе ја посети во новиот мандат, ќе биде Австрија. Посетата, која ќе биде на 5 јуни, ја најави советникот за надворешна политика на Путин, Јури Ушаков.

Претходно, на 18 мај, Путин во Сочи ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел.

Веста за посетата на Путин на Виена, е потврдена од кабинетот на австрискиот претседател Александер ван дер Белен. Официјалната причина за посетата на Путин на Австрија е 50 – годишнината од потпишувањето на договорот за испорака на гас меѓу австрискиот ОМВ и некогашниот СССР.

Посетата ќе се случи еден месец пред преземањето на претседателството на Австрија со ЕУ, поради што, покрај билатералната соработка, главна тема на состанокот ќе биде и конфликт во источна Украина, санкциите на ЕУ, како и војната во Сирија.

Спонзорирано: