13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пријавени три случаи со исчезнати малолетници

Вчера во МВР биле пријавени три случаи со малолетни лица кои се оддалечиле од својот дом.

Педесет и тригодишниот И.А. во полициската станица „Бит-пазар“ пријавил дека пред три дена неговиот 10-годишен син се оддалечил во непознат правец. Уште еден татко пријавил дека вчера во 20 часот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.

Третиот случај со малолетник по кој се трага бил пријавен вчера во полициската станица „Гази Баба“. Од установата „Ранка Милановиќ“ пријавиле дека пред два дена 12-годишен штитеник од установата самоволно се оддалечил во непознат правец и не се вратил.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Спонзорирано: