19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ пристигна во Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Москва каде што ќе се сретне со претседателот на Русија, Валдимир Путин, а утре ќе присуствува на воената парада по повод Денот на победата.

Дводневната посета следи по повик на рускиот претседател, а Вучиќ ќе биде првиот странски државник кој ќе се сретне со Путин на почеток на новиот, четврт мандат на чело на Русија.

Вучиќ претходно изјавил дека ќе го замоли Путин политичкиот став на Русија по прашањето за Косово и Метохија да го нагласи во сите меѓународни институции организации и институции.

Вучиќ вечерва најпрво ќе има состанок со Путин во Кремељ, а потоа ќе продолжат разговорите за време на работна вечера. Како што пренесува РТС, Вучиќ добил покана од Путин заедно да учествуваат во прошетката на „Бесмртниот полк“.

На воената парада, покрај Вучиќ, како што најавуваат руските медиуми, од странските претставници, ќе присуствува и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Спонзорирано: