20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ѝ го украле автомобилот додека купувала сендвич

Четириесет и осумгодишната М.С. од Скопје пријавила дека синоќа на улицата Дебарца непознат сторител го одзел нејзиното патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки.

Додека таа купувала сендвич во сендвичарница, а возилото било паркирано во непосредна близина, сторителот влегол во возилото, го стартувал на непознат начин и заминал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 240 000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.