11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва се обрати Министерот Оливер Спасовски – еве што порача

Интегрално го пренесуваме обраќањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 7 мај – Оливер Спасовски.:

Почитувани старешини во македонската полиција,

Ви се обраќам Вам. Ваша единствена должност е да ја штитите Република Македонија. Затоа кога ги издавате Вашите наредби за дејствување не заборавајте дека државниот интерес е над сите интереси. Ве охрабрувам и сега и во иднина да им се спротиставите на партиските директиви и личните интереси.

Дејствувајте со разум и тактичност, онака како што сте обучени и подготвени. Бидејќи вашето знаење ќе биде бесполезно, ако не го преточите во акција.

Чувајте го својот образ, тој нема цена. Исто како што нема цена и нашата држава.

Како министер, јас сум вашиот сојузник. Како граѓанин, јас сум вашиот добронамерен критичар. Заедно ќе успееме да го вратиме угледот на министерството.

Нека ни е честит и вековит празникот.

Да живее Република Македонија!