25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се разболе едниот од обвинетите “алфи” – Тортура пак е одложена

Новица Станковски, обвинет алфа во предметот „Тортура“ не дојде на денешното судење.

Неговиот адвокат до судот достави медицинска документација дека тој е на боледување и прима терапија, меѓутоа обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, за третообвинетиот побара дополнителна документација.

„Од оваа документација не се гледа ништо“, рече Бубевски.

Судијката Александра Ристовска рече дека адвокатот на алфата треба да достави дополнителна медицинска документација.

Следното рочиште е закажано за 13-ти јуни.

Предметот „Тортура“ се однесува на апсењето на Љубе Бошковски, на 6-ти јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи“, Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на едницата за апсењето на Бошковски.