10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја посочи на нови провокации од страна на САД

Северна Кореја ги осуди САД поради, како што рече, погрешни тврдења дека американската политика на максимален притисок и санкции влијаела Пјонганг да седне на преговарачката маса.

Севернокорејската државна агенција го цитираше портпаролот на министерството за надворешни работи, кој предупреди дека ваквите тврдења се опасен обид да се уништи детантот по минатомесечната средба на лидерите на двете Кореи, Ким Џонг-ун и Мун Џае-ин.

За време на тој самит, Северна Кореја се согласи да работи на денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

„САД намерно ја провоцираат Северна Кореја во момент кога ситуацијата на Корејскиот полуостров се движи кон мир и помирување“, наведе портпаролот на севернокорејското министерство.

Ком Џонг-ун и претседателот на САД, Доналд Трамп. би требало да се состанат кон крајот на месецов или почетокот на јуни.

Спонзорирано: