11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран: САД ќе зажалат како никогаш досега ако го напуштат нуклеарниот договор

Иранскиот претседател, Хасан Рохани изјави дека САД ќе зажалат како никогаш досега, ако го напуштат нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили.

„Ако САД ја напуштат нуклеарната спогодба, наскоро ќе видите дека ќе им бие жал, како никогаш досега во историјата“, изјави Рохани за националниот етер.

Американскиот претседател, Доналд Трамп со месеци го критикува договорот и најавува дека САД ќе се повлече и ќе инсистира на нова спогодба со Иран. Лидерот на Вашингтон, на неколку наврати, изрази загриженост дека договорот потпишан пред три години од страна на САД, Европа, Иран, Русија и на Кина не придонесува со ништо за справување со програмата за балистичките ракети на Техеран или за поддршката што Техеран им ја дава на разни групи од Блискиот Исток. Неодамна, на средбата со францускиот претседател, Емануел Макрон, Трамп го опиша договорот како луд и катастрофален.