10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Предмалку страшна сообраќајка со загинати во Македонија

Страшна сообраќајна несреќа попладнево се случила на патот Гостивар-Кичево, а во која според неофицијални информации едно лице го загубило животот, јави Курир.мк.

Од полицијата за Курир потврдуваат дека имаат пријава за сообраќајна несреќа помеѓу две возила „Рено Меган“ со гостиварски ознаки и „Опел Астра“ со дебарски таблички, случена околу 17:20 часот на овој патен правец, кај сепарациите.

Според неофицијалните и првични информации до кои дојде Курир, во тешката сообраќајка животот го загубил возачот на Реното, а со повреди се здобиле жена и дете од истото возило. Две лица од Опелот, според неофицијални информации, исто така се повредени, јави Курир.

Спонзорирано: