17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерство за транспорт: Владина програма со најголеми инвестиции во инфраструктурата досега

Програмата на Владата на Република Македонија во делот на инфраструктурата, не само што добива на се поголем интензитет, туку таа претставува најголеми инвестициски вложувања во патната и железничката ифраструктура од било кога претходно, наведува Министерството за транспорт и врски, во реакција на денешната прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски.

Според ресорното Министерство, наспроти тезите на ВМРО-ДПМНЕ за некаков крах, инвестициите во патната инфраструкура само оваа година ќе преминат преку 270 милиони евра за изградба, реконструкција и рехабилитација на околу 800 километри патишта во Македонија.

„Оваа година ќе заврши изградбата на автопатот Миладиновци – Штип, континуирано се работи на изградба на автопатот Кичево – Охрид, обезбедени се средства од ЕУ за изработка на нов проект за автопат Скопје – Блаце, следниот месец очекуваме да се распише тендер за проектирање на експресен пат со идно прераснување во автопат од Прилеп до Битола, во тек е проектирање на автопат од Кичево до Гостивар, наведува Министерството за транспорт“, беше кажано на прес конференцијата.

Оваа година, дополнуваат, „ќе започнеме со изградба на 3 експресни патишта со вкупна должина од околу 80 километри или вкупна вредност од преку 100 милиони евра, и тоа: Ранковце – Крива Паланка, Штип – Радовиш и втора фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, делница Градско-Дреново. Со зголемен интензитет се гради првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, делница Фаришка – Дреновскс клисура, во тек е изградба на експресен пат од Штип до Кочани, со средства од Светска Банка ќе се реконструираат 13 патни правци со вкупна вредност од околу 20 милиони евра или должина од околу 200 километри, со средства од ЕБОР ќе се реконструираат 26 патни правци со вкупна должина од преку 420 километри или инвестиција од 86 милиони евра, со средства од Јавното претпријатие за државни патишта ќе се рехабилитираат 29 регионални правци кои се опфатени со програмата на ЈП Македонија пат со вкупна вредност од 470 милиони денари. Дополнително се обезбедени 1 милијарда денари од буџетот на ЈП за државни патишта за реконструкција и рехабилитација на регионални патишта, се навеудва во реакцијата и се истакнува дека сите тие инвестициски вложувања се доказ дека Владата на Република Македонија е силно посветена на обезбедување на подобра инфраструктура и поквалитетен живот за граѓаните“, извести Министерството за транспорт и врски.

Спонзорирано: