5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Парламентарното мнозинство не го прифаќа Богов за нов гувернер

Парламентарното мнозинство не го прифаќа Димитар Богов за нов гувернер на Народната банка, изјави премиерот Зоран Заев и рече дека побарал средба со претседателот Ѓорге Иванов за да ги усогласат ставовите. Премиерот вели дека за одлуката на Иванов да го предложи Богов за нов мандат слушнал од медиумите.

„Имав состанок со претседателот кон крајот на март, каде што претседателот ми кажа со кого разговара, со кого имал намера да разговара. Знаат граѓаните дека предлагач на гувернерот е претседателот, а парламентарното мнозинство го бира. Тогаш заклучивме дека прво треба тој да разговара со актуелниот гувернер Богов дали ќе прифати. Ако прифати Богов и претседателот одлучи да го предложи, би ми соопштил мене за да разговарам со парламентарното мнозинство. Јас за одлуката слушнав од Собранието и од медиумите. Значи немавме втор разговор, за после неговата одлука да направиме една фаза на подготовка, разговори со парламентарното мнозинство. Како за предлозите за Уставен суд, така се случи и со предлогот за гувернер на НБРМ, се информиравме од медиумите“, рече Заев.

Тој додаде дека одржал координација со парламентарната група и таа не го прифаќа кандидатот Богов за нов гувернер. „И побарав веднаш средба со претседателот Иванов. Се надевам дека брзо ќе се видиме за да можеме да усогласиме став затоа што до крајот на мај треба да се избере гувернер“, рече Заев.

Спонзорирано: