12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР за граѓаните: Пристаниште Охрид

Денеска, на пристаништето во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, Езерската полиција и Хеликоптерската единица, во склоп на одбележувањето на 7 Мај- Денот на македонската полиција, и презентираа на јавноста дел од своите професионални можности, ефикасно справувајќи се со едно сложено вежбовно сценарио во водите на Охридското езеро. Во присуство на голем број граѓани припадниците на МВР изведоа тактичко- показна вежба со напад на пловен објект заради совладување и лишување од слобода на опасни лица.

„Денеска имавме огромна чест овде во Охрид да зведеме една тактичко показна вежба во која ги покажаа своите капацитети Единицата за специјални задачи, Хеликоптерската единица и Езерската полиција и навистина беше прекрасно чувството ода се видат сите можности на македонските полицајци, пред се на специјалните единици и со тоа да покажеме дека сме подготвени да одговриме на било каков предизвик рече министерот Спасовски, кој им се заблагодари на сите граѓани кои присуствуваа на вежбата.

Во склоп на одбележувањето на Денот на полицијата, утре на градскиот стадион во Штип припадниците на МВР ќе ги презентираат своите можности преку низа показни вежби. Министерството за внатрешни работи ги поканува граѓаните да дојдат на градскиот стадион во Штип и да се уверат во подготвеноста на македонската полиција.

Спонзорирано: