8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се кити со туѓи перја, инвестицијата на „Антура“ почна пред три години

„Добро е што СДСМ го овозможи отворањето на вториот погон на фирмата Антура во Кочани, бидејќи оваа фирма веќе имаше лошо искуство со Зоран Заев како градоначалник на општина Струмица, кога наместо земјиште за производствен погон им продаваше земјиште за катна гаража“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие обвинуваат дека во недостаток на идеи и неспособност да донесат странски инвестиции владата на Заев, Анѓушев и СДСМ повторно се кити со туѓи перја.

„Инвестицијата на холандската фирма Антура која тие денес ја презентираат како своја, отпочна да работи со првиот погон уште пред три години, после подолг период на преговори за нивно доаѓање во Република Македонија. Впрочем тие уште од тогаш најавија дека планираат да го прошират своето работење во нашата земја и да отворат дополнителни вработувања.
Се надеваме дека ако не може СДСМ да донесе нови странски инвестиции, барем ќе ги задржи постојните кои што ВМРО-ДПМНЕ ги донесе“, велат од партијата.

Спонзорирано: