14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Москва: Полицијата апси, демонстрантите извикуваат „Тој не е нашиот цар“

Руската полиција почнала да апси учесници на протестите во центарот на Москва, а меѓу уапсените е и лидерот на опозицијата Алексеј Навални.

Навални претходно ги повикал критичарите на Кремљ да излезат на улица и да протестираат против инаугурацијата на претседателот на Русија, Владимир Путин, кој обезбедил четврти претседателски мандат на изборите во март.

“Навални се појавил кај Пушкинскиот плоштад и набрзо бил притворен. Неговото притворување во целост е противзаконско”, изјавил опозицискиот политичар Леонид Волков.

Набрзо дошло и до судири меѓу полицијата и некои демонстранти.

Како што пренела претходно “AP”, ширум Русија денес се одржуваат протести по повод инаугурацијата на Путин, под слоганот “Тој не е наш цар”, а ги организирал најистакнатиот против на Путин, Навални.

Според пораките на социјалните мрежи, протестите привлекле стотици луѓе во најмалку 10 градови на Далечниот исток и во Сибир, а полицијата веќе тогаш соопштила дека имало апсења, но го соопштила точниот број.

Како што објаснува руската агенција, на 20. април организаторите на митингот поднеле барање до канцеларијата на градоначалникот на Москва да организираат марш и митинг во руската престолнина.

Спонзорирано: