26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Teжок инцидент во Скопје – младо момче доживеа нешто што ќе го памети долго

На 04.05.2018 година во 20,10 часот во Секторот за внатрешни работи-Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен 16 годишен малолетник од Скопје со нанесени телесни повреди при извршено разбојништво.

Имено истиот ден околу 19,00 часот на кејот на реката Вардар во близина на хотелот „Александар Палас“, од страна на пет непознати лица заканувајќи му се со нож, му одзеле 400 денари, а потоа физички го нападнале по што со ножот му нанеле расекотина во пределот на грбот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.