25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во Жеровјанне – многу приведени

На 04/05.05.2018 година во времето од 23,00 до 02,30 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово од страна на полициски службеници извршена била акциска контрола во врска со злоупотреба на туристичкиот престој со работа по угостителски објекти, при што во угостителски објект лоциран во с.Жеровјане, биле затекнати и приведени 10 лица-странски државјанки, од кои осум државјанки на Р.Србија, една од Босна и Херцеговина и една од Р.Бугарија.

Лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.