26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Серија силни земјотреси ги вознемири жителите, сето ова веднаш по ерупцијата на вулканот на Хаваи

Серија силни земјотреси го погодија Хаваи по ерупцијата на вулканот Килауеа, вклучувајќи и земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, најсилен кој го погодил островот од 1975 година.

Поради силниот земјотрес, имало краток прекин на електричната енергија, а граѓаните во паника излегле на улиците, но не било издадено предупредување за цунами, објави Би-Би-Си.

Во меѓувреме, неколку нови ерупции оштетиле повеќе куќи и патишта, а лавата достигнала висина од 30 метри. Агенцијата за цивилна заштита нареди итна евакуација и предупреди дека во областа околу вулканот, нивото на сулфур-диоксид е опасно висок и дека спасувачите нема да бидат во можност да им помогнат на граѓаните кои нема да се евакуираат.

Новите ерупции следуваат по вчерашната голема ерупција на вулканот Килауеа. Властите на Хаваи прогласија вонредна состојба. Првата ерупција следувала неколку дена по формирање на првиот кратер на источниот дел на вулканот и по 250 земјотреси за 24 часа.