12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја: Часовникот поместен за 30 минути напред

Северна Кореја ја смени временската зона за да се изедначи со Јужна Кореја, објавија медиумите во Пјонгјанг. Стрелките на часовниците во Северна Кореја вчера во 23 и 30 часот се поместиле за 30 минути напред, па така на целиот полуостров, како и во Јапонија, времето сега е исто, пренесе државната севернокорејска агенција КЦНА.

Изедначувањето на временските зони го најави лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун на 27 април на состанокот со лидерот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин. Ова е прв практичен чекор кон забрзување на процесите за затоплување на односите меѓу двете Кореи.

КЦНА наведува дека Јужна Кореја преминала на „временската зона на Пјонгјанг“ поради јапонските империјалисти кои временската зона на Корејскиот полусотров ја изедначиле со својата за време на окупацијата. Од истите причини, Јужна Кореја во 50-тите години по завршување на војната на полуостровот ја сменила временската зона, но во 60-тите години било одлучено, сепак, да се врати на јапонското време.