20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Специјалните единици на МВР демонстрираа показни вежби

Единици на МВР одржаа показна вежба во касарната „Ѓорче Петров“ во рамките на одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Припадници од Единицата за специјални задачи, од Единицата за службени кучиња и од Единицата за брзо распоредување во три ситуации на оперативно дејствување ги демонстрираа тактичко-техничките способности, но и високиот степен на неопходна координираност и професионални стандарди за брзо и ефикасно справување во замислените кризни операции.

„Врската меѓу граѓаните и македонската полиција треба да зајакне, да се обнови. Денеска, заедно со студентите на Факултетот за безбедност и Институтот за одбрана и мир, ученици од средните училишта, претставници од амбасадите… имавме можност да ги видиме овие вежби, односно подготвеноста на овие припадници на МВР“, рече министерот Спасовски.

Одбележувањето на Денот на полицијата продолжува утре во Охрид во 12 часот и в недела во Штип во 11 часот. Министерството за внатрешни работи ги поканува сите граѓани да присуствуваат на овие манифестации и да се уверат во подготвеноста на полициските службеници.