14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Коцијанчич: Набргу нови преговори меѓу Белград и Приштина

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, изјави дека преговарачите на Белград и Приштина набргу ќе бидат повикани во Брисел заради разговори за нацрт-статутот на асоцијацијата на српските општини во Косово.

Главниот косовски преговарач, Авни Арифи, рече дека Приштина побарала од ЕУ новата рунда преговори да се одржи на почетокот на овој месец, но дека нема знаци за тоа кога ќе продолжат преговорите.

Косовскиот министер за локална самоуправа, Иван Тодосиевиќ, изјави дека на претставниците од ЕУ им дал до знаење оти статутот на заедницата на српските општини ќе биде направен исклучиво врз основа на бриселскиот договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Неговиот став се коси со оној на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, кој смета дека одлуката на Уставниот суд ќе биде основа на статутот на асоцијацијата.