10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ предмалку испрати остро соопштение до ВМРО ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ партијата која 11 години ја злоупотребуваше полицијата и другите државни институции, продолжува да измислува случаи преку кои очајно се обидува да ја манипулира јавноста. Лажни се наводите на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во Министерството за внатрешни работи. Несериозно е од кој било политички субјект да се обидува со неточни информации да нанесува штета на угледот на елитните полициски сили.

Според партијата, за разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, состојбата со исхраната на припадниците на посебните единици, денес е неспоредливо подобра и поквалитетна во секој поглед и во согласност со сите нутриционистички и останати параметри. Истовремено, отворен е процес на сеопфатно решавање на проблемот со неисплатените прекувремени работни часови со кое што ќе се надмине овој долгогодишен проблем без да се нанесе штета на буџетот на министерството или на штета на вработените во министерството.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо друго освен лажни вести и измислени скандали во кои никој не верува. Владата предводена од СДСМ како и сите министерства работат на надминување на наследените проблеми и унапредување на условите за работа и живот на сите граѓани“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: