22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Китев: Еднакви услови за поддршка на домашните и странските компании

Пратениците од парламентарното мнозинство го усвоија Законот за финансиска поддршка, чија основна цел е преку поддршката на инвестициите да се зголеми конкурентноста на македонските компании, за тие да можат рамноправно да учествуваат и на меѓународниот пазар, изјави Бетиан Китев, пратеник на СДСМ.

„Креиран е транспарентен механизам со кој се овозможува поддршка на многу поголем број на компании и пораст на економијата. Законот ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот развој, а со тоа ќе се придонесе за зголемен вкупен економски раст. Законот за финансиска поддршка на инвестициите обезбедува правна сигурност и еднаков третман за сите компании – домашни и странски“, рече Китев.

Тој додаде дека со Законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе се поддржат компаниите, кои покажале просечен раст на приходот и не го намалиле просечниот број на вработени во истиот период, во споредба со годината за која побаруваат државна помош.

Финансиските средства за поддршка на инвестициите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а за оваа година обезбедени се 18,3 милиони евра.

„Оваа законска мерка претставува замена на нетранспарентната шема на државна помош, со која во претходните години беа поддржани само 23 компании, а притоа се потрошени над 225 милиони евра, од Буџетот на државата“, рече Китев.

Спонзорирано: