21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Албанија загрижена за Балканот, бара НАТО база на нејзина територија

Албанија е загрижена за сутуацијата на Балканскиот полуостров и затоа инсистира НАТО да создаде база на нејзина територија, пренесува „Ал џезира“.

„Загрижени сме во во врска со опасностите со кои се соочува нашиот регион и сметаме дека е многу важно НАТО и САД да придадат поголемо значење на она што се случува на Балканот“, изјави албанската министерка за одбрана, Олта Џачка.

Оттука таа предложи изградба на поморска база крај Јадранското море, која ќе биде под „чадорот“ на НАТО. Меѓу заканите на балканот, министерката ги посочи обидите на Русија да влијае во регионот, како и заканите кои доаѓаат од Кина, Иран и Турција.

Спонзорирано: