3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Утврдено и местото и датумот на средбата меѓу Трамп и Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека местото и датумот за неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се веќе утврдени и наскоро ќе бидат соопштени. Според CBS News, кој се повикува на неименувани извори, можно е средбата да се одржи во Монголија или Сингапур.

Доколку Пјонгјан направи отстапки од својата нуклеарна програма и со другите прашања со кои има недоразбирања со САД, од Белата куќа соопштија дека средбата меѓу Трамп и Ким би можела да биде одржана и во текот на овој месец. Околу најавите за можно скоро ослободување на тројцата Американци затворени во Северна Кореја, Трамп на средба со новинарите пред Белата куќа изјави дека е направено многу во врска со тоа прашање.

„Водиме доста значајни разговори со Северна Кореја и досега е направено многу во врска со заложниците. Мислам дека ќе бидеме сведоци на доста добри работи“, рече Трамп. Американските власти изминативе денови соопштија дека ги проверуваат информациите оти тројцата Американци биле префрлени од работен логор во хотел во близина на Пјонгјанг. Според најавите, се очекува тројцата Американци да бидат ослободени пред средбата Трамп-Ким.

Спонзорирано: