14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кузмановска: Јавниот долг првпат ја премина границата од 5 милијарди евра

Јавниот долг првпат ја премина границата од 5 милијарди евра. СДСМ за само 3 месеци успеа да ја задолжи државата над 300 милиони евра или секој ден по 3 милиони евра, обвини Лилјана Кузмавноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Задолжувањето, рече таа, за свое лично покривање на расипништвото и неспособноста го реализира криминалниот картел во Владата.

„Економското цунами Заев, Анѓушев и Тевдовски ја упропасти економијата во државата и ја однесе на работ на банкрот. Народната вели – кој лаже, тој и краде. СДСМ лажеше дека ќе го намали задолжувањето и ќе штеди пари. СДСМ лажеше дека со парите од задолжувањето ќе покрива стари долгови. СДСМ лажеше дека државниот буџет е празен и дека дополнително ќе реализира инфраструктурни и капитални проекти. СДСМ лажеше и дека ќе постави бројченик на триумфалната капија, кој ќе ја покажува состојбата на долгот и колку таа е намалена“, рече Кузмановска.