8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон ѝ се заблагодари на “вкусната“ сопруга на австралискиот премиер

За време на неговата посета на Австралија, францускиот претседател Емануел Макрон направил прилично вкусен, но и непријатен гаф. Тој сакајќи да му се заблагодари на австралискиот премиер Малколм Турнбул и неговата сопруга, за нивното гостопримство, тој ја нарече “вкусна“ Луси Хјуз Турнбул.

“Ви благодарам вам и на вашата вкусна жена за вашето топло добредојде, совршената организација на ова патување”, рече тој.

Макрон е во Австралија на разговори за тешки прашања како што се климатските промени и одбраната. Францускиот претседател зборуваше на англиски јазик, а некои што ја следеа конференцијата за печатот не беа сосема сигурни дали слушнаа правилно или дали Maкрoн, навистина, направи гаф.

Записите брзо потврдија дека Макрон сепак рекол вкусна, обраќајќи ѝ се на Луси Хјуз Турнбул, сопругата на австралискиот премиер.