20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина: На средбата помеѓу САД и Северна Кореја ќе биде постигнат напредок

Кина се надева дека разговорите меѓу САД и Северна Кореја ќе поминат добро и ќе се постигне значителен напредок, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Ванг Ји, за време на посетата во Пјонгјанг.

„Пекинг целосно ги поддржува напорите на Северна Кореја за постигнување на денуклеаризација на Корејскиот полуостров“, рече кинескиот министер.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пред два месеци го покани американскиот претседател Доналд Трамп на средба, што претставува пресврт во односите на двете земји.