20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел побара проширување на преговарачката рамка за нуклеарниот договор со Иран

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нуклеарниот договор со Иран не треба да се стави надвор од функција, но предложи проширување на преговарачката рамка.

Според Меркел, ракетната програма и политичкото влијание на Иран во Сирија треба да бидат предмет на дискусија. Таа појасни дека ваква е заедничката позиција на целата Европска Унија.

„Ние ќе продолжиме да инсистираме на нашите аргументи, имено зачувувањето на Заедничкиот сеопфатен план, но и проширувањето на преговарачката рамка“, истакна германската канцеларка. Таа побара од Израел да ги предаде доказите за наводните скриени документи од нуклеарната програма на Иран.

Во понеделникот премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека неговата земја располага со тајни информации за програмата за развој на нуклеарно оружје на Иран, која може да ги охрабри САД месецов да отстапат од договорот.