20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Чавков излезе од притвор

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, излезе од притвор.

Претходно, кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ја прифати жалбата од адвокатот на Митко Чавков, опфатен со обвинението за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, донесе решение со кое го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција во недвижен имот. Чаков како гаранција понуди имот вреден 600 илјади евра.

Пред два дена Апелациониот суд од Скопје ја потврди одлуката на кривичниот суд, Чавков со недвижен имот да гарантира дека нема да избега. Оценката на обвинението за крвавиот четврток сè уште не е завршена.