16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кај Катланово ограбени и претепани велосипедисти од Јапонија

Три непознати лица вчера ограбиле двајца државјани на Јапонија кои со велосипед се движеле по патот Катланово-Брезница.

Според информациите од МВР, додека Ш.К. (54) и Х.К (48), двајцата од Јапонија, се движеле со велосипеди, им се приближил автомобил „форд“, во кој имало три непознати лица што излегле од возилото и физички ги нападнале странците. Тие им украле 3.000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „ајфон“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: