5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Протести во Ерменија, граѓаните ги блокираа улиците во главниот град

Десетици илјади граѓани на Ереван ги блокираа улиците во главниот град во Ерменија кога водачот на опозицијата, Никол Пашињан, повика на граѓанска непослушност.

Демонстрантите ги блокираа повеќето главни улици во Ереван, патиштата на влезот во градот и главниот пат кон аеродромот. Агенцијата АФП известува дека многу продавници се затворени.

За потсетување, националното собрание на Ерменија во вторникот одржа посебна седница за назначување премиер, а единствен кандидат беше лидерот на опозицијата, Никол Пашињан.

Меѓутоа, Пашињан не беше избран бидејќи за него гласаа 45 од 105 пратеници, осум помалку од потребните 53, поради што тој најави генерален штрајк за среда. Пашињан ги повика своите поддржувачи да ги блокираат улиците, аеродромите и сè друго и побара полицијата да им се приклучи на протестите. Покрај тоа, додаде дека протестите ќе се претворат во целосна граѓанска непослушност.

Според ерменскиот устав, во случај пратениците да не изберат премиер на првото заседание на парламентот, новата седница се закажува за седум дена. Доколку премиер не биде избран и во вториот обид, парламентот се распушта.

Нова посебна седница е закажана за 8 мај. Инаку, Ерменија ја тресе политичка криза од 13 април кога опозициските партии организираа протести поради кои премиерот и поранешниот долгогодишен претседател на земјата, Серж Саргсјан, поднесе оставки на 23 април.

Спонзорирано: