12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јапонскиот аеродром Кансаи не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот.

Седмиот најпрометен јапонски аеродром соопшти дека не изгубил ниту еден патнички багаж од отворањето во септември 1994 година, објави Си-Ен-Ен.

На тој аеродром годишно во просек минуваат од 20 до 30 милиони патници./Извор:Makfax